Фудбал
30. November 2017 - 14:34

Нов голман во Реал

Недоволно успешните резултати и променливата форма ќе направат Реал да биде активен на трансфер-пазарот во јануари. Шпанските медиуми пренесуваат дека прв кој ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде талентираниот голман на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага.
 
Голманот на младата шпанска репрезентација, со која во јуни играше во финалето на Европското првенство во Полска, има договор со Атлетик кој истекува по завршувањето на сезоната.
 
Сепак, првиот човек на „Kралскиот клуб“, Флорентино Перез, проценил дека во јуни уште неколку други тимови ќе се обидат да го реализираат трансферот на Кепа, поради што тој решил клубот да ја плати откупната клаузула која изнесува 20 милиони евра.
 
Перез и тренерот Зинедин Зидан ќе можат да го видат Кепа во акција в сабота кога Реал ќе му гостува на Атлетик Билбао во рамките на 13. коло во Ла Лига.