Живот
6. јуни 2016 - 10:39

Нов хит на Лозано, Македонките од спотот ќе ве освојат

Еден од најдобрите пејачи на македонската ццена, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска го промовира својот видео запис за песната “Жена како ти“ која е веќе подолго време хит на радио станиците.

Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски кој ја напиша музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша Магдалена Цветкоска Ена.

Видео записот е снимен на повеќе локации, на ранчот на коњичкиот клуб “Дона“ во Радишани и на преубавите предели на  Галичник, Маврово и Козјак.

vlatko-spot-devojki

Во видео записот се појавуваат четирите прекрасни девојки Сандра Јовановска, Симона Станковска, Моника Саболиќ и актерката Јана Стојановска кои одлично се снајдоа во своите улоги.