-->
-->
Нов инцидент во НБА лигата
-->
Продолжува продажбата на мускули во НБА лигата, поселдниот инцидент се случи на теренот во Минеаполис, каде што Хјустон славеше над Минесота, 129:120.
Ракетите постојано водеа со 10-тина и повеќе поени но Минесота во еден момент во последниот период ја намали разликата на пет поени, но Харден и друштвото не дозволија целосен пресврт.
Во последната четвртина се случи инцидент кога Крис Кол го фаулира домашниот центар Горџи Џенг. Играчот на Минесота потоа го турна противникот, кој заврши на паркетот, а потоа Џералд Грин го турна Џенг во првиот ред. Поголем инцидент спречија играчите на двата тима.
Сличен инцидент помеѓу овие тимови имаше и на натпреварот што се одигра пред нешто повеќе од два месеца. Тогаш Арон Афлало од Хјустон се обиде физички да се пресмета со Србинот од Минесота, Немања Бјелица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?