Нов масовен протест во Јужна Кореја за оставка на претседателката

Стотици илјади Јужнокорејци протестираа денеска шестти викенд по ред, со барање за оставка на претседателката Парк Геун-хе.
Учесниците во протестот денеска се приближија најблиску, на само стотина метри од зградата на претседателството, Сината куќа.
Тие ја повикаа Парк итно да ја напушти функцијата, отфрлајќи го нејзиното трето извинување и побараа од Парламентот да одлучи за нејзиното разрешување.
Според организаторите во протестот учествувале околу еден милион лица, а според полицијата 200 илјади.
Опозициските партии во Јужна Кореја доставија до Парламентот резолуција за импичмент на претседателката Парк Геун-хе, јави ТАСС.
Гласањето по барањето за импичмент ќе се одржи на 9 декември. Резолуцијата е поддржана од 171 пратеник, меѓу кои претставици на опозицијата и независните.
Владејачката партија в четвртокот се огласи за оставка на претседателката во април 2017 година, но опозицијата бара таа веднаш да ја напушти функцијата. За да се оствари тоа барање на опозицијата и се потребни 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Националното собрание.
Во телевизиско обраќање до нацијата Парк Геун-хе ирази подготвеност да се повлече, кога ќе бидат создадени неопходните политички услови за тоа.
Парл Геун-хе е обвинета за прикривање на нејзината блиска пријателка Чои Сон-сил, која е цо центарот на корупциски скандал.
Чои Сон-сил е уапсена на почетокот на месецот за злоупотреба на власта и изнудување и е обвинета дека ги користела своите пријателски врски со претседателката за да извлекува средства од државни компании.
Претседателката е обвинета поради премолчување на криминалните дела на нејзината пријателка, како и за тоа дека и дозволила да се меша во државите работи.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
