-->
-->
Нов отказ во Серија - А
-->
Хелас Верона потврдија дека го отпуштиле тренерот Габриеле Чофи по неделниот 2:1 пораз од Салернитана, со што клубот има освоено само пет поени во првите девет меча од новата сезона, со дури 17 примени голови и 6 порази.Добивај вести на вибер
Чофи го замени Игор Тудор на клупата на Верона, откако хрватскиот тренер замина за Олимпик Марсеј, а од клубот си заминаа и Џовани Симеоне, Џанлука Капрари и Антонин Барак. Интересно, Тудор беше итно решение за клубот по отказот за Еузебио ди Франческо по само три меча минатата сезона. Диего Лопез е прв фаворит да го замени Чофи.
Чофи е четвртиот тренер кој добива отказ во италијанската елита оваа сезона по Марко Џампаоло (Сампдорија), Синиша Михајловиќ (Болоња) и Џовани Стропа (Монца).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
