Кошарка
27. July 2015 - 11:02

Нов пораз на македонските јуиори

Уште еден пораз во низа претрпе македонската кошаркарска репрезентација до 18 години, на ЕП во Австрија. 

 
Во 4 коло од Д групата на Европското Првенство во Австрија (дивизија Б), нашата јуниорска селекција го претрпе и четвртиот пораз. 
 
Вчеравечер,, црвено-жолтите,, убедливо се поразени од селекцијата на Израел со 94-63 (по четвртини 19-13, 18-29, 9-27 и 17-25) .
 
 Робев и Србиновски кои конечно добија поголема шанса (минутажа) од селекторот, беа двајцата најефикасни кошаркари во редовите на нашата селекција. Роберт постигна 19, а Србиновски 15 поени. 
 
Со четири порази во исто толку одиграни натпревари, избраниците на Сашо Димитриевиќ, се заковани на дното на табелата во групата Д. 
 
Тие денеска ќе играат против домаќинот на шампионатот Австрија, со што ја завршуваат првата фаза, а во продолжението од првенството ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.