-->
-->
Нов пораз на младите македонски кошаркари
-->
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Ородеа, Романија.
Македонските младинци во натпревар од Ц групата одигран попладнево се поразени од домашната селекција на Романија со 63:69 по четвртини 12-18, 16-16, 20-20 и 15-14.
Андреј Маслинко со „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 10 скокови беше единствениот расположен играч во нашата селекција, за разлика од романската во која петмина кошаркари имаа двоцифрен број на постигнати поени.
Претходно во рамките од оваа група селекцијата на Грузија ја декласира Албанија со 102-53.
Со овие победи Грузија и Романија го осигураа својот пласман во осминафиналната рунда, додека Македонија и Албанија ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Во последното коло од групната фаза утре нашите кошаркари од 10 часот и 45 минути ќе го играат мечот против аутсајдерот Малта, додека во вториот меч ќе играат Романија – Албанија (17.30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште една жртва на пожарот во Кочани
-
СДСМ: Истрагата за пожарот е селективна
-
Студентите бараат поевтини автобуски карти за градовите од внатрешноста до Скопје и назад
-
Буково повторно гори
-
Водостојот на р. Брегалница двојно зголемен, но недоволно за да се наполни брана „Калиманци“
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичарите со поделени мислења по лидерската средба
-
Тема на денот со Васил Стерјовски, Македонска алијанса за европска интеграција