Нов повик за доброволци синоќа објави Кризниот штаб во Пехчево
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански синоќа пред полноќ објави нов повик на Кризниот штаб, преку кој ги повика сите доброволци повторно да земат учество, за целосна локализација и ликвидирање на пожарот.
-Доброволците утрово во 05:00 часот да бидат на зборното место на плоштадот Свети Петар и Павле, од каде соодветно ќе бидат упатени за понатамошна интервенција. Потребно е со себе да понесат лопати. Најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот, се вели во повикот.
Пунктот за донирање на храна и вода сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево и понатаму останува отворен за сите кои ќе сакаат да донираат намирници и вода за доброволците.
Дежурни екипи синоќа го контролираа теренот, со цел да не дојде до нови жаришта, на оние места каде пожарот беше изгаснат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка