Нов претседател на Синдикатот за одбрана и безбедност Оливер Стојановски
Синдикатот за одбрана и безбедност денеска соопшти дека се извршени промени на функцијата претседател на Синдикатот и оти на оваа функција е именуван Оливер Стојановски.
- Согласно Иницијативата за спас на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), која Вие активно ја следевте и пренесувавте во јавноста во изминатиот период, Ви соопштуваме дека, на ден 20.10.2016 година, во Синдикатот на одбраната и безбедноста се извршени промени на функцијата претседател на СОБ и за нов претседател назначен е Оливер Стојановски, долгогодишен истакнат член на синдикалното движење во Македонија, се наведува во соопштението.
Во соопштението се посочува дека членството може да очекува дека СОБ во следниот период ќе биде нивен вистински заштитник во однос на правата од работен однос.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија