Нов проект на Здружението на граѓани „Благородна мисија“ од Кочани

Здружението на граѓани „Благородна мисија“ од Кочани стартуваше со нов проект под наслов „Подадена рака“ кој има за цел да ја подобри работата на Центарот за донации кој работи во состав на ова здружение. Проектот ќе се реализира со средства добиени од Владата на Република Македонија.
- За реализација на проектот „Подадена рака“ добивме грант од 300 илјади денари кои ќе ги намениме за работење на Центарот за донации, кој е сместен во поранешните простории на Центарот „Порака“. Проектот ќе се реализира до крајот на оваа година и во него ќе бидат вклучени двајца волонтери, изјави Лидија Ефтимова, претседател на Здружението „Благородна мисија“ од Кочани.
Аника Илијеска Ѓоргиева од Секторот за труд и социјална политика во Локалната самоупрва на општина Кочани ја истакна ангажираноста на општината да се обезбедат простории за Центарот за донации во кој граѓаните ќе можат да донираат облека и други предмети за домаќинството, наменети за социјално загрозените лица.
Во проектот „Подадена рака“ покрај жителите од територијата на општина Кочани ќе бидат вклучени и жителите од соседните општини Зрновци и Чешиново Облешево.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
