Балкан
15. February 2022 - 8:14

Нов протест во Подгорица поради најавата за формирање малцинска влада

Во Подгорица вечерва повторно се одржа протест поради најавата за формирање малцинска влада во црногорскиот парламент, со поддршка на пратениците на опозициската Демократска партија на социјалистите.

Учесниците на протестот порачаа дека нема да дозволат да се смени изборната волја на граѓаните, јави РТЦГ.

Група насобрани граѓани изработија транспарент против предлогот за формирање малцинска влада со поддршка на ДПС.

Политичката партија Демократска Црна Гора претходно соопшти дека собирот е најавен за в среда во Подгорица поради „прекројувањето на изборната волја на граѓаните“.