Нов смртен случај од западнонилска треска, вкупно седум

Седми смртен случај од западнонилска треска во државата е регистриран изминатите денови, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
-Во врска со состојбата со западнонилска треска, од моето последно известување, имаме еден починат. Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран - преку 38 дена во болницата. И имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Значи состојбата на хоспитализација е иста, мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај - одговори Клековски на новинарско прашање.
Последниот починат од западнонилска треска бил од скопската општина Гази Баба на возраст од 69 години.
-Во основа значи веќе оваа недела, од последните неколку дена, од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје Север. И веќе е разговарано со соодветните градоначалници да обрнат внимание на активностите таму - рече Клековски.
Тој беше прашан и за објаснување зошто сите смртни случаи со западнонилска треска во државата се од машки пол.
-Најголемата студија е во Америка на над 3.000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма, и смртноста е поголема кај мажите. Значи кај нас морбидитетот е 3,7 : 1 однос мажи : жени. Ова е демографска карактеристика. Две други состојби се поврзани значително и со заболевањето и со смртноста: едната е хронична бубрежна инсуфициенција, или хронична бубрежна болест, и втората е претходни цереброваскуларни инциденти, значи претходни мозочни удари, крвавења. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти, бидејќи знаеме дека статистички жените, посебно во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти - додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
