Нов сообраќаен режим пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром
ТАВ Македонија од понеделник воведува нов сообраќаен режим пред терминалната зграда. Бесплатното користење на улицата пред „Александар Велики“ ќе биде ограничено на 10 минути.
Тоа ќе значи дека патниците ќе можат да бидат оставани за заминувања и преземани по пристигнувањата најмногу за 10 минути без надокнада. Доколку возилата се задржат подолго од тоа, корисниците ќе треба да платат тарифи што ќе се движат од 500 до 2.000 денари.
- ТАВ Македонија напоменува дека улицата пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром не е простор наменет за паркирање, туку само за оставање и за собирање на патниците од нивните летови. Компанијата нагласува дека за паркирање треба исклучиво да се користи паркинг-зоната. За подобро информирање на патниците, поставени се знаци со детали за новите правила на движење, соопшти денеска ТАВ Македонија.
Оттаму информираат дека направени се и дополнителни промени за користење на паркингот на аеродромот, односно цените за подолгорочно паркирање се намалени. До 1 час паркирање ќе чини 80 денари, до 2 часа - 100 ден, од 2 до 4 часа - 150 ден., од 4 до 8 ч - 200 ден. и до 24 часа - 600 ден. Паркирањето од 3 до 7 дена ќе чини 1.800 денари, додека од 8 до 14 дена ќе чини 2.500 денари.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“