Македонија
13. July 2016 - 12:09

Нов водовод во населбата Крњево во општина Центар

Нов водовод од 130 метри ќе биде поставен на ул. „171“ во населбата Крњево во општина Центар.

- Изработен е проект за изградба на новиот водовод и приклучоци за секоја куќа. Ќе се обнови и коловозот на улицата на површина од 200 метри квадратни. Планирано е активностите да завршат за еден месец, соопшти денеска општината која ги обезбедува потребните финансии.

Со изградбата на водоводот, укажуваат од Центар, ќе се надминат долгогодишните проблеми на граѓаните, предизвикани од старата водоводна мрежа, која секојдневно попушташе и им ги поплавуваше имотите и домовите на граѓаните.