-->
-->
Нова градинка во Радишани, ќе згрижува 120 дечиња
-->
Нова градинка со капацитет за згрижување на 120 дечиња, денес беше отворена во населбата Радишани, општина Бутел.
Градинката се простира на површина од 500 метри квадратни, со 5 занимални и посебна медицинска соба за згрижување на болните дечиња.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека со овој нов капацитет нема повеќе да има листи на чекање за упис на дечиња во градинка од оваа населба.
Тој посочи дека изградбата на градинката е започната пред помалку од една година и во неа се инвестирани 10 милиони денари од страна на општина Бутел, а со средства од МТСП градинката беше целосно опремена.
-Ова е 7-ма градинка по ред што се отвора оваа година. Очекуваме оваа година да ја завршиме со вкупно 15 новоотворени градинки, рече Спасов.
Тој потенцира дека од 2009-та година до денес се отворени 50 детски градинки.
Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, информираше дека во моментов се врши целосна реконструкција на објект во Бутел 2 кој ќе биде пренаменет за детска градинка која ќе згрижува дечиња од ова населено место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
