Нова канализациска мрежа се гради во штипската населба „Баби“
Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со изградба на нова фекална канализација во населбата „Баби“. Раководителот на работна единица „Водовод и канализација“, Валериј Симов вели дека екипите работат на улицата „Лески“, каде што вкупно 10 индустриски објекти ќе бидат приклучени на канализациската мрежа.
- Фекалната канализација ќе биде во должина од 250 метри, со профил од 315. Она што е најзначајно на неа ќе бидат приклучени десетина индустриски објекти во оваа населба, вели Симов.
Тој истакна дека се очекува за дестина дена да заврши изградба на оваа канлизациска мрежа, чија инвестициска вредност е 700.000 денари.
Штипското комунално претпријатие „Исар“ од почетокот на годината има изградено вкупно еден километар нови канализациски линии низ градот Штип.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното