Нова „магија“ од Меси – Интер Мајами во финалето на УС опен | ВИДЕО
Лео Меси, иако овојпат не постигна голови, пак беше херојот на Интер Мајами, предводејќи го својот клуб до победа на пенали над ФЦ Синсинати во полуфиналетот на УС Опен купот.
Иако имаше лоши први 70 минути од мечот, тој имаше две одлични асистенции за Мајами, од кои втората во 97. минута за да се отиде во продолженија. Потоа, младиот Бенџамин Кремаски го постигна победничкиот пенал откако по 120 минути беше 3:3. Со ова, Меси има вкупно осум меча со гол или асистенција за второ куп финале.
Пред неговото пристигнување, Интер Мајами беше сметан за најлошиот тим во МЛС лигата и беше на последното место на табелата. Во сабота, Меси ќе го има својот прв меч од регуларната сезона во МЛС на гости кај Њујорк Ред булс.
Магијата на Меси како и скратената снимка од овој натпревар може да се погледне на овој линк:
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата