Нова модерна технологија за ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош
Учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош ќе имаат можност да работата и учат на нова модерна технологија, откако во 12 училници поставени се ЛЦД проектори, смарт табли и мултимедијален центар.
Целта на поставениот компјутерски центар, како што соопшти општина Карпош, е олеснување на совладувањето на зададениот материјал и полесно спроведување на наставата и збогатување на образовната програма во училиштето.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски, во изјава за медиумите, подетално образложи зошто овој компјутерски центар е важен за децата од прво па до деветто одделение.
- Средствата што ги добива училиштето „Петар Поп Арсов“ од издадената градинка под закуп „Пиколини“ која е една од најубавите градинки во државата, се применуваат во дел од вакви активности, важни за децата. Вкупната сума на годишно ниво, која училиштето ја добива од градинката е 1.700.000 денари и ги вложува овде повторно во училиштето. Достапен е нов копјутерски центар со најсовремени компјутери, за да нема дискрепанца на компјутерот на кој што работата учениците во училиштето и дома, рече Јакимовски.
Додаде дека во рамките на креативниот центар во училиштето треба да се развие ботаничка градина, каде што реконструирани се одредени делови за тоа да може побргу да функционира.
- Наша цел е ова училиште да се натпреварува со приватните училишта на територија на општина Карпош. Да создадеме една квалитетна конкуренција за да не мора родителите децата да ги праќаат во приватни училишта, зошто ние ова училиште, а се надевам дека и други училишта кои се на територија на општината, ќе ги направиме конкурентни во делот на техничката опременост, средтсвата, како и наставничкиот кадар, рече Јакимовски.
Освен новата модернизација во училиштето, набавени се нови клупи и столчиња како и шкафчиња особено потребни за новите првачиња.
Директорката на ООУ „Петар Поп Арсов“ Лејла Николовска, рече дека ова е голема радост за учениците. - Ние сакаме да ги научиме да учат и да им е пријатен престојот. На тој начин, ние успеавме да им го олесниме пристапот на нивните разбирања, затоа што техниката им е се поблиска. Заедно со наставниците преку нови методи и начини на работа, ќе им се олесни начинот на совладување на материјалот, истакна Николовска.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино