Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како и оној за паметните часовници, донесоа мала опција којашто за многумина може да биде доста корисна. Но, од друга страна, таа крие и одредени опасности – особено за децата. Така тврдат од полицијата во американската сојузнса држава Охајо, од каде што ги предупредуваат сите корисници на уредите на „Епл“.
Станува збор за опцијата „Нејмдроп“ (NameDrop), што овозможува брзо споделување на податоците за контакт со други корисници, коишто вклучуваат телефонски број, е-пошта и слика – само со едноставно приближување на уредите еден до друг. Се нагласува оти така личните податоци се подостапни и за туѓинци, па така детето и неговите чувствителни податоци се поизложени на злоупотреба.
Американските власти ги предупредија родителите дека треба да ја исклучат оваа опција на телефоните на своите деца, заради поголема нивна безбедност, бидејќи таа автоматски се активира по надградбата на оперативниот систем.
Опцијата се исклучува со кликнување на „Поставки“, па „Генерално“ на „Ајфонот“ и избирање на опциите и „Ердроп“. Во случај на потреба од разменување контакти со некого на овој начин, опцијата може повторно да се вклучи.
Барем еднаш годишно „Епл“ претставува нова верзија на својот оперативен систем за паметни уреди, најчесто со новитети и промени на сопствениците на „Ајфон“ мобилни телефони и „Ајпад“ таблети. Во текот на годината потоа, компанијата објавува помали надградби.
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
