Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк
Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА.
Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.
Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во Брисел на 11-ти и 12-ти минатиот месец.
Тогаш беше најавено дека медијаторот Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, за конечно затворање на дводеценискиот спор за името.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија