Тенис
6. September 2015 - 15:07

Нова сингл титула за Ѓорческа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да го освои турнирот во Врњачка Бања (фјучрс 10.000 долари). Таа денеска во финалето ја победи Нина Поточник од Словенија со 2:1 вос етови.

Противничката го доби првиот сет со 7:6 (7:4), а во следните два сета Ѓорческа беше доминантна и загуби само еден гем - добивајќи ги сетовите со 6:1 и 6:0.
За Ѓорческа ова е чтврта сингл титула, откако претходно победи во Тарсус (2015), варна (2014) и Арад (2012).
За победата Ѓорческа ќе освои 12 поени.
Таа турнирот во Врњачка Бања гоз аврши со двојна победа бидејќи триумфираше и во игра на двојки.