Нова стратегија за заштита на личните податоци во Македонија
Во финална фаза е изработката на Нацрт-стратегија 2017-2022 за спроведување на правото за заштита на личните податоци.
Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) се очекува овој документ утре да го презентира пред пошироката јавност со кој, меѓу другото, е предвидено редизајнирање на македонското законодавство во контекст на Регулативата на ЕУ од 25 мај 2016 година на Европскиот парламент и на Советот за заштита на лицата во поглед на обработката на личните податоци и слободен проток на тие податоци, која треба да се применува од 25 мај 2018.
Во стратешките и конкретните цели во Нацрт-стратегијата е предвиден дел кој што се однесува на Република Македонија, за која иако не е членка на Унијата, е од особена важност хармонизацијата на законодавството, на работа со клиентите, на процедурите и постапките и на вработените во ДЗЛП, на која и треба кадровско зајакнување.
Имајќи ги предвид постојаните промени, предвидено е на две години да се прави анализа на стратегијата и акцискиот план, што се очекува наскоро исто така да биде објавен.
Истовремено се изготвува и нов закон за заштита на личните податоци, со кој ќе треба да се усогласат и други закони. Заштитата на личните податоци треба да претрпи комплетно редизајнирањето во контекст на новите насоки од ЕУ, иако Македонија не е членка на унијата, и во пресрет на новите предизвици кои доаѓаат од развојот на технологијата и Интернетот.
Се предвидува и зајакнување на позицијата на офицерите за заштита на личните податоци во јавните установи и приватниот сектор. Во моментов во Македонија има вкупно 2.758 офицери за заштита на личните податоци, кои се номинирани од вработените во јавниот и во приватниот сектор и поминуваат континуирани обуки и консултации во Дирекцијата.
Нацрт - стратегијата е подготвена во консултација со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и офицерите за заштита на личните податоци. Таа ќе биде достапна за коментари до 20 февруари, по што ќе се пристапи кон нејзино финализирање.
Македонија, како што се оценува, во однос на заштитата на личните податоци во регионални рамки предничи, но потребно е надградување на системот и постојано следење на промените кои ги носи технологијата.
Јавната свест кај македонските граѓани особено кај младата популација е на високо ниво, оценуваат од ДЗЛП, што може да се потврди со солидната бројка претставки за злоупотреба на лични податоци добиени неодамна од студентите од Машинскиот факултет, каде ДЗЛП извршува вонреден инспекциски надзор.
Ново на Сител
-
Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција
-
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина
-
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-
Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
-
Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“