-->
-->
Нова трагедија ја потресе Македонија: Македонец пронајден мртов во Швајцарија
-->

Наместо заработка за своето семејство надвор од својата татковина, трагично заврши судбината на 57 годишниот Н.Х од струмичко кој годинава заминал на печалба во Швајцарија.
Со надеж за подобра иднина за себе и семејството кое останало во татковината. Без никакви претходни знаци дека нешто чудно се случува или има проблем со работата тој исчезнал на 10 јули и оттогаш му се губи секаква трага. Членовите на неговото семејство не можеле да стапат во контакт со него, а ниту пак добиле некаква порака или забележале нешто во неговото однесување.
Конечно решиле да стават крај на таквата голгота и на 10 август сопругата го пријавува на полициските власти во Швајцарија кој веднаш ја започнуваат потрагата и за само неколку часа известуваат дека се пронајдени остатоци од човечко тело на планината Онсерноне, кои според првичните информации му припаѓаат на исчезнатиот.
Веста денес први ја објавија швајцарските медиуми. Како што пишува и весникот ТИО, смртта настанала под чудни и сеуште неразјасенти околности,а во текстот се напаѓаат одговорните на фирмата каде што работел бидејќи не покажале одговорност и не пријавиле дека долго време го нема на работа. Без никакво предупредување и без истражување, пишува весникот.
Екипата на Струмица Денес успеа да стапи во контакт со негов близок роднина кој во телефонски разговор само ни ја потврди веста за која тој и целата негова фамилија е потресена и за која очекуваат целиот случај за кратко да биде разрешен.
Го опишуваат како кроток и добар човек кој студирал математика, а во животот имал доста соништа од кои само дел успеал да ги оствари, остатокот требало да го заврши по добрата заработка во Швајцарија. Се до конечно завршување на истрагата случајот ке го водат швајцарските власти, дури потоа телото ќе биде испратено во македонија за достојно да биде погребано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
