-->
-->
Новак се отвори како никогаш до сега: Признавам, грешев!
-->
Новак Ѓоковиќ синоќа на Инстаграм сподели објава во која ги опиша сите чувства, исто така тој признава дека правел големи грешки. - Во последниве две години не бев трпелив со тениските очекувања, не бев мудар кога се правеа стратегии и не го слушав своето тело кое ми зборуваше дека нешто сериозно се случува со мојот лакт. Барав решение на друго место, а секогаш решенијата беа во мене. После многу промени во тренингот, рекетите, членовите на стручниот штаб, не знаев дали ќе успеам да се вратам на посакуваното ниво во тенисот. Дел од мене секогаш веруваше во моите квалитети и можности, но имаше многу моменти кога се сомневав и можеше да отиде тоа во друг правец. За среќа, имав помош и божја сила која ме однесе во вистинскиот правец кој за мене е добар. Во правец кој ми донесе мир и баланс, истакнал српскиот ас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
