Новата австриска Влада полага заклетва

Членовите на новата австриска Влада составена од конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), предводена од Себастијан Курц, денеска ќе положат заклетва пред претседателот Алексадер ван дер Белен.
Претседателот на Австрија наведе дека ги завршил разговорите со министрите од новата Влада и посочи дека церемонијата на полагање на заклетва ќе биде одржана денеска во 11.00 часот.
Во Австрија се најавени и бројни демонистрации против учеството на претставниците на ФПО во Владата, како и против одредени делови од програмата на новиот Кабинет.
Поради планираните протести ќе бидат зголемени безбедносните мерки во земјата. Се очекува на протестите да учестуваат илјадници лица.
Како што јави МИА, во новата австриска Влада, ОВП ќе биде застапена со Курц како канцелар, со министерот за финансии Хиртвиг Легер, за економија Маргарет Шрамбек, за образование Хајнс Фасман, за жени и семејство Џулијан Богнер-Штраус, за земјоделство и екологија Елизабет Кестингер, за ЕУ, медиуми, уметност и култура Гернот Блимел, како и со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Каролин Едштадлер.
Од ФПО вицеканцелар и министер за државна управа и спорт ќе биде Хајнс-Кристијан Штрахе, за внатрешни работи Херберт Кикл, за одбрана Марио Кунасек, за инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер, за социјални прашања и здравство Беата Хартингер, надворешни работи Карин Кнајсел, а државен секретар за финансии ќе биде Хуберт Фухс.
Новата Влада ќе биде поголема за еден член во однос на претходната.
Со денешното полагање заклетва, Себастијан Курц ќе стане најмладиот канцелар на Австрија досега и во моментов најмладиот актуелен шеф на една влада во светот
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
