Свет
13. November 2017 - 13:04

Новата директорка на УНЕСКО вели дека повлекувањето на САД не е во нивен интерес

Одри Азуле, новоизбраната генерална директорка на УНЕСКО, изјави дека повлекувањето од организацијата, која работи за заштита на светското културно наследство, не е во интерес на САД.

САД се повлекоа од УНЕСКО минатиот месец, велејќи дека оваа организација мора да се реформира и да стави крај на упорната анти-израелска пристрасност во своето работење.

- Повлекувањето на САД е одлука на суверена држава и јас тоа го почитувам. Повлекувањето не е многу изненадувачко, имајќи го предвид моменталниот став на САД кон мултилатерализмот. УНЕСКО и порано функционирала без САД, кои на крајот секогаш носеле одлука дека треба да се вратат во нашите редови. УНЕСКО ќе продолжи да работи со американското граѓанско општество, и со универзитетите, изјави Азуле, поранешна француска министерка за култура која официјално застана на чело на УНЕСКО минатата недела.

САД и Израел не ја плаќаат својата членарина во УНЕСКО од 2011 година, кога Палестинските територии беа примени како членка, а од октомври целосно се повлекоа од организацијата.