-->
-->
Новата учебна година ке ја посетуваат 334 првачиња од Кочани
-->
Одделнието за општествени дејности при Собранието на општина Кочани денеска на прес-конференција излезе со информација за бројот на запишаните првачиња во основните училишта во општината.
-За новата 2016/2017 учебна година на ниво на општина Кочани се зашишани 334 првачиња, кои до декември 2010 година полнат шест години, односно и родените до 10 јануари 2017 година со наполнети шест години. Бројката на новозапишани првачиња е очекувана, ако се земе во пердвид фактот што голем број млади семејства со своите деца се заминати на работа во странство, изјави Голубинка Георгиевска, одговорна за образование во секторот Општествени дејности.
Најголем број првачиња има запишано во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ 110, во ОУ „Никола Карев“ 63, во ОУ „Малина ПопИванова“ 67, во ОУ „Раде Кратовче“ 55 и во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Оризари 21 прваче. Во подрачните основни училишта најмногу првачиња има во училиштето во село Горни Подлог 15, како и во училиштето во село Тркање 13. Најмал број на првачиња се запишани во подрачното основно училипште во село Бели вкупно 3, додека во Подрачното училиште во село Нивичани за во новата учебна година не е запишано ниту едно прваче.
Од основните училишта во Кочани најавуваат зголемување на бројот на првачињата за во септември за што општината ќе спроведе дополнителна акција со невладините ромски здруженија за поголем опфат на децата роми во прво одделение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот