Новата влада на Чешка ќе положи заклетва
– Повеќе од два месеци по парламентарните избори, министрите од новата либерално-конзервативна коалиција денеска ќе положат заклетва.
На чело на владата е професорот по политички науки Петр Фиала (57), кој уште во ноември беше именуван од страна на чешкиот претседател Милош Земан за мандатар.
Покрај Граѓанските демократи на Фиала (ОДС) во новата влада учествуваат и Христијанските демократи (КДУ-ЦСЛ) KDU-CSL), Партијата за градоначалници (СТАН), Пиратската партија и граѓанската групација TOП09.
Првпат од 2010 година во новата чешка влада ќе има министер за Европа, а функцијата ќе ја извршува Микулас Бејк.
Чешка ќе го преземе претседателството со Советот на Европска Унија во втората половина на 2022 година.
Фиала доаѓа на местото на популистичкиот милијардер Андреј Бабиш. Промената се случува за време на четвртиот бран со Ковид-19, при што ма неделно ниво се регистрирани повеќе од 700 новозаболени на 100.000 жители.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
