Новата влада на Црна Гора ќе биде формирана до крајот на месецов, 11 партии потпишаа коалициски договор
Лидерите на 11 политички партии вчера потпишаа коалициски договор за формирање нова влада во Црна Гора.
Следен чекор е да се закаже седница на црногорскиот парламент, а според сознанијата на РТЦГ не е исклучено на 26 октомври да се избере ново раководство на Собранието, а потоа и нова влада.
Како што јавува Радио Слободна Европа, и покрај противењето на американските и европските партнери, силите на прорускиот поранешен Демократски фронт (ДФ) ќе бидат дел од новата црногорска влада на Милојко Спајиќ.
Имено, според договорот за формирање влада, ДФ ќе ја поддржи малцинската влада во парламентот, а кон крајот на следната година преку реконструкција и официјално ќе стане дел од неа.
Освен тоа, на чело на Собранието ќе биде и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, наведува РСЕ.
Партиите од ДФ поддржуваат укинување на санкциите против Русија, не ја признаваат независноста на Косово, се противат на членството на Црна Гора во НАТО, го негираат геноцидот во Сребреница. . .
Владата ќе има претседател, четворица потпретседатели и 18 министри.
Движењето Европа на Спајиќ сега, покрај премиерската функција, ќе има и 10 министри, меѓу кои за надворешни работи, европски прашања, правда, финансии, здравство, енергетика, урбанистичко планирање, транспорт, образование и социјална заштита.
Покрај двете потпретседателски места, Демократите ќе добијат и четири министерства – внатрешни работи, одбрана, туризам и екологија, култура и медиуми.
Просрпската Социјалистичка народна партија ќе ги задржи двата ресора – земјоделството и шумарството, како и спорт и млади кои моментално ги покрива во владата на Дритан Абазовиќ.
Албанските партии ќе ги задржат и двете министерства што ги водат во актуелната влада, човековите и малцинските права и јавната администрација. Тие ќе добијат и вицепремиер.
Проруските партии кои го сочинуваат Демократскиот фронт на почетокот нема да бидат дел од Владата.
Според договорот што го потпишаа со претседателот и другите партии, во Владата ќе влезат подоцна, до крајот на следната година.
Потоа ќе добијат едно потпретседателско и четири министерски места – транспорт, образование, туризам и урбанизам. До преземање на овие министерства, ДФ ќе има државни секретари во нив.
Ново на Сител
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО