Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 - деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца била регистрирана кај децата на возраст до четири години.
- Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје - 669, Струмица - 81, Прилеп - 61, Тетово - 50 Гевгелија и Охрид - 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од триесет. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2025/2026, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 14.984, според извештајот на Институтот.
Заклучно со осмата недела, во земјава биле вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
МИА
Ново на Сител
-

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле
-

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
-

Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
-

Приведен радовишанец, се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица
-

Барселона загуби од Атлетико, ПСЖ подобар од Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ
