Свет
29. September 2016 - 11:59

Нови 150 бегалци и мигранти во Грција

На грчките острови Лезбос и Самос во последните 24 часа пристигнале нови 151 бегалци и мигранти.
На Лезбос пристигнале 104, а на Самос 47 мигранти.

Според последните официјални податоци, на грчките острови денеска има вкупно 14.003 бегалци и мигранти, што е двојно повеќе од капацитетот на приемните пунктови, прифатните центри и камповите.

Во цела Грција денеска се регистрирани вкупно 60.440 бегалци и мигранти.