Нови 150 случаи на морбили во Романија
Над 150 нови случаи на морбили биле регистрирани во последнава недела во Романија.
Со тоа вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата во септември минатата година достигнал 7.647 лица, соопшти Националниот центар за набљудување и контрола на инфективните болести.
Најзагрозени од заболувањето се бебињата и децата до девет години, кои не се вакцинирани. Од почетокот на епидемијата од морбили во Романија починаа 21 лице, но ниту еден од нив не бил вакциниран.
Претставник на Министерството за здравство истакна дека епидемијата е под контрола, а регионалните власти очекуваат следната недела да добијат над 570.000 вакцини ROR или речиси 200.000 повеќе во споредба со претходната година. Лекарите советуваат дека единствен начин да се спречи болеста е вакцинирањето, но голем дел од населението во Романија одбива да се вакцинира.
Ново на Сител
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел