Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

Нови 38 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се регистрирани во државава од 31 мај до 6 јуни. Од новозаболените, хоспитализирани се шест лица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 26, а пријавени се и четири случаи од Битола, три од Тетово и по еден од Пробиштип, Прилеп, Куманово, Гевгелија и од Кавадарци, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.

- Возраста на заболените се движи од еден месец до 68 години. Најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а останатите пет се вакцинирани согласно возраст, пишува во извештајот.
Заклучно со вчерашниот ден, во нашата држава се евидентирани вкупно 699 случаи на голема кашлица, со инциденца од 38,1/100.000 жители.
- Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење, покажува дека најголем број лица живеат во Скопје - 554 или 79,3 отсто со зафаќање на 17 општини, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број заболени, хоспитализирани се 100 лица, од кои 84 на возраст до четири години, покажуваат податоците на Институтот. Најголем број од случаите - 69, се хоспитализирани во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 89 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.
Во тек се две епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово.
Од 18 јануари до 6 јуни, дадени се вкупно 52.939 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
Ново на Сител
-

Трамп: САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести
-

Пораст на водостојот на Вардар и неколку реки, езерата со стабилно ниво
-

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило
-

Женско е првото новороденче во Струшката болница
-

Андреј Миневски својот олдтајмер го претвори во санка на Дедо Мраз и делеше пакетчиња на деца
-

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал
-

Со 53 км/час удрил во велосипед кој поминувал на пешачки, обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука
-

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувана првата жртва, 17-годишен италијанец
