Нови детали од пукањето во Кичево
- На булеварот „Ослободување“ во Кичево вчера во 18:40 часот А.A.(58) од село Горно Строгомиште, кичевско, ги пресретнал Д.А.(58) од Кичево, А.А.(40) од село Србјани, кичевско, и Ш.Д. (54) од село Грешница, кичевско, и со пиштол почнал да пука кон нив. Д.А. се здобил со повреда во пределот на десниот бут, А.А. се здобил со повреда во пределот на слабината, по што на истите им била укажана медицинска помош во Медицинскиот центар во Кичево, а потоа, поради сериозноста на повредите, двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. Напаѓачот А.А. е приведен во ПС-Кичево. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови