Нови детали за пациентите кои починаа на Инфективна

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање... На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника.
Тој посочи дека починатите се од машки пол и на возраст од 50 и 23 години кои дошле со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање...
- Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.
Нагласи дека во Клиниката нема карантин, туку има изолација на четворицата хоспитализирани лица и нема место за грижа и паника во јавноста.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
