Македонија
27. February 2024 - 8:08

Нови детали за убиството во скопско Блаце

Пред да биде убиен таткото на Гани Туша, ноќеска имало пожар во кафулето „Барон“ чие име го носи и криминалната група од Чаир.

На истоимената групата „Барон“ припадник е и сега притворениот Гани Туша, чиј татко беше пронајден убиен во автомобил во близина на селото Горно Блаце. Поради тоа се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце.

Доцна попладнево е најдено телото на 56-годишниот Туша во Блаце. Неговиот син Гани Туша е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.