-->
-->
Нови детали за урнатиот авион
-->

Авионот Пајпер Сенека 2, кој попладнево исчезна е сопственост на Авиоклубот Тревизо, објави СДК.
Авионот е регистриран во Германија, а според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници.
Изнајмувањето на овој авион, според тарифата на веб страницата на сопственикот е 500 евра за час летање.
Од МВР потврдија дека авионот исчезнал од радарот во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ од скопскиот аеродром. Авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополна на гориво. Тој паднал во близина на селото Ветерско кај Велес. Мештаните слушнале експлозија и пријавиле во полиција. Дали има жртви засега не се знае.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има