Нови дојави за поставени бомби во Белград

По заканувачките денешни дојави за поставени бомби во основните и средни училишта во Белград, попладнево пристигнаа нови закани, дека се поставени експлозивни направи на мостовите во Белград, во трговските центри, зоолошката градина, ресторани и железничката станица, амбасади и други објекти, јави дописникот на МИА од Белград.
Дојава за бомбата добило и Јавното комунално претпријатие „Белградски водовод и канализација“. Беше кажано дека во сите производствени погони се поставени експлозивни направи, соопшти Градската управа.
Сообраќајот на Бранковиот мост се одвива нормално, на автобуската постојка има само едно полициско возило, а на Славија има помалку турканици, соопшти Данас.
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека интензивно се работи на откривање на сторителите на кривични дела во врска со лажните дојави за бомби кои секојдневно пристигнуваат на голем број адреси во Белград и други градови низ Србија.
Припадниците на МВР во соработка со Обвинителството за организиран криминал и Вишото јавно обвинителство во Белград интензивно ги истражуваат овие случаи, а вклучено е и Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство.
Како што се наведува, поради големиот број пријави за бомби, ангажирани се сите расположливи капацитети на единиците за контрадиверзија на МВР за увид во објектите и институциите до кои се испратени пријавите, од кои сите биле лажни и насочени на предизвикување на паника и вознемиреност на граѓаните.
По повод информациите за поставени бомби во Белград, министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека против Србија се води специјална војна и дека целта на сите напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и страв.
Ново на Сител
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
-

Мицкоски: Ќе продолжиме со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните
-

Американските разузнавачки агенции проучуваат како би реагирал Иран доколку Трамп прогласи победа во војната
-

Саркози повикан да сведочи во Апелациониот суд
