Нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка

Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Крива Паланка ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти, а заедно со останатите предвидени проекти за изградба на патна и водоводна мрежа ќе бидат инвестирани речиси два милиони евра.
Ова го истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски, кој најави есенска градежна офанзива во општината која ќе опфати изградба на повеќе улици, локални патишта и канализациони и водоводни системи.
- Одобрените средства ќе бидат наменети за реализација на проекти за изградба на три канализациони мрежи, и тоа во село Мождивњак со должина од 4.928 метри, во село Длабочица, 670 метри и 1.403 метри канализациона мрежа во селото Дурачка Река од месноста Маневски мост кон урбаниот дел на градот. Овие три проекти се со вредност од околу 20 милиони денари, посочи Алексовски.
Околу 30 милиони денари пак ќе се инвестираат за изградбата на два локални патни правци. - За патот во село Жидилово во должина од 1000 метри ќе се издвојат 15.033.834 денари од АФПЗРР, а исто така ќе се реши и проблемот со постојниот пат до манастирот Свети Јоаким Осоговски, односно ќе биде изграден нов т.н Руски пат за кој ќе бидат издвоени 14.971.314 денари, додаде Алексовски.
Тој информира дека покрај овие проекти, со средства од околу 10 милиони денари од Севериоисточниот плански регион ќе се асфалтира локален пат во селото Кркља со должина од два километри од Ловечката куќа до езерцата во туристичкиот локалитет Калин Камен.
- Започната е изградбата на канализационата мрежа во „Бојанов дол“ во населбите Баглак и Лозаново, а наскоро ќе биде решен проблемот со водоснабдување на висока зона лев брег со изградба на водоводната мрежа, проект кој се очекува да отпочне со реализација во почетокот на следниот месец, потенцира Алексовски.
Тој најави и изградба на три локални патни правци со средства до ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
