Нови простории за НВО секторот во oпштина Новаци

Општина Новаци и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион промовираа новоопремен младински културен центар во општината.
Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски информира дека уредувањето на новото НВО-катче го овозможи Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој која вложи 2,5 милиони денари, а во вкупната инвестиција, општина Новаци учествуваше со 18 проценти.
- Порано оваа зграда беше целосно руинирана, сега доби комлетно нов лик. Центарот ќе може да го користат сите заинтересирани граѓани, невладините организации и други здруженија. Долниот кат од оваа установа се деловни простории кои што општина Новаци планира да ги издава под закуп. Младинскиот центар е опремен со најразличен канцелариски инвентар и се она што е потребно за во иднина непречено да функционира и да се реализираат најразлични активности, настани, проекти, кои што пак ќе придонесат за унапредувањето на социјалниот и културниот живот во општина Новаци, истакна Котевски.
Со уредувањето на младинскиот културен центар, посочи Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР-Битола, се обезбедуваат услови за реализација на настани од различен вид, културни, едукативни, забавни настани и собири.
- Младинскиот културен центар ќе претставува катче за социјализација и креативно дружење на младите, но истиот ќе биде погоден и за различни настани наменети за сите возрасни групи на граѓани од општина Новаци. Со опремувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за активирање на младите во различни активности, настани и проекти кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот и културниот живот во општина Новаци, рече Ѓероска.
Младинскиот културен центар во Новаци е еден од 10-те проекти кои минатата година беа одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, а чиј апликант е ЦРППР. Вкупната вредност на сите 10 проекти изнесува 1 милион евра.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
