Нови судења за „Трезор“ „Т.Н.Т. и „Маџар Телеком“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Трезор“, Т.Н.Т. и „Маџар Телеком“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Во оредметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Ново на Сител
-
Арачиновец криумчарел 9 мигранти од Иран во крајслер
-
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми