Нови тридимензионални пешачки премини во Куманово
Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, овој пат со исцртување на тридимензионални пешачки премини, кои ќе бидат повидливи за возилата и со тоа ќе придонесат за намалување на брзината. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави дека и во наредниот период ќе продолжат со поставување на ваква сообраќајна сигнализација.
-Нови тридимензионални пешачки премини на влезот во Куманово, продолжуваме и на други локации во градот, напиша Димитриевски.
Надлежните од општината за оваа дејност појаснуваат дека во наредниот период ќе бидат исцртани уште дополнителни вакви пешачки премини во централното градско подрачје, а наредната сезона ќе продолжат и на останатите улици.
Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Куманово за тековната година, за хоризонталното обележување заедно со поставување на заштитни столбови од општинскиот буџет одвоени се 2,5 милиони денари.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
