Нови тројца обвинети за „27 април“ ќе добијат амнестија
Уште тројца обвинети во предметот „27 април“ добија позитивни мислења по барањата за амнестија, информира обвинителството за организиран криминал.. Од обвинителството велат дека 14-мина кои побарале амнестија, не ги исполнуваат условите предвидени со законот..
„Од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за аменстија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од законот“, се вели во известувањето од Обвинителството..
Вчера кривичниот суд амнестираше 12 мина обвинети во предметот.. Согласно позитивните мислења од обвинителството и одлуката на судот, од кривично гонење се ослободени петтемина пратеници - Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски.. Обвинителната клупа ја напуштија и вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер, Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска.. Според одлуките на судот, со законот за аменстија се ослободени и браќата Младеновски, Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски..
Можноста да побараат амнестија за крвавиот четврток, не ја искористија петмина обвинети.. Барања не поднесоа екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, Душко Лазаров, организаторот на протестите за Заедничка Македонија, Игор Дурловски, а тоа не го сторија ниту Игор Југ и Јане Ченто.. Се изјаснија дека сакаат пресуда од суд наместо од политичките елити..
Инаку обвинителство ги одби речиси сите барања за амнестија за веќе осудените во предмети поврзани со „27 април“ – тепањето на Зијадин Села, нападот на Шеќеринска и осудените за учество во толпа.. Основното јавно обвинителство од вкупно 37 испратени мислења, за 36 имало негативни мислења..
-
Зоран Јанески
Сите содржини од овој новинар