-->
-->
Нови уписи на УКИМ за 2018/2019 година
-->
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во четврток и петок (30-ти и 31 август) ќе се спроведе првиот рок за пријавување на кандидатите за запишување во прва година додипломски студии во академската 2018/2019 година. Согласно со новиот Закон за високо образование, почетокот на студиската година наместо на 15 септември ќе биде на 1 октомври, како што почнуваше до пред десетина години.
Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, слободни се вкупно 11661 места, од кои за редовни во државна квота има 5913, редовни со кофинансирање на студиите 4573 и за вонредни студенти 1175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.
Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, објавен на веб-страницата: www.ukim.edu.mk.
Вториот рок за упис на УКИМ е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
