-->
-->
Нови водоводни мрежи во Крива Паланка
-->

Со програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка за 2016 година ќе се реализираат проекти за подобрување на водоснабдувањето во градот, ќе се градат нови водоводи и канализациски мрежи во градското и приградско подрачје и ќе се врши замена на азбестните цевки.
Преку проектот на Владата и ЕБОР „Водоснабдување и одведување отпадни води“ кој е долгорочен и се предвидува да заврши годинава, се очекува да бидат разрешени и надминати најголем дел од проблемите со водоснабдување во Крива Паланка. Со овој проект за општина Крива Паланка ќе бидат издвоени 1,2 милиона евра.
Програмата го опфаќа и проектот кој веќе е почнат „Водоснабдителен систем за висока зона на лев брег на Крива Река-основна и секундарна мрежа со изградба на водоснабдување на населба Маневци и населба м.в. змаевац во село Дурачка Река“ со кој ќе се изградат околу шест километри нова мрежа, резервоар и останати елементи. Овој проект се реализира со 23 милиони денари, финансии од Министерството за транспорт и Владата, а трбеа да заврши до крајот на годината.
Планирано е и финиширање на проектот за јавно приватно партнерство за изградба на четири мали хидроцентрали на Станачка река, две од кои се веќе пуштени во употреба.
Предвидено е и доизградба и санација на водовод во село Варовиште, поставување водомери на истиот, на водоводот во село Конопница на Селска Река и водовод „Балабанци-Вирови-Грамаѓе“, како и поврзување на главната воодоводна мрежа со селски водоводи во Конопница и поврзување висока зона нас. Домачки Дол со резервоар во населбата Баглак.
Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка за 2016 година ќе се изврши и замена на азбестно - водоводната мрежа со полиетиленски водоводни цевки, прва фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
