Нови земјотреси во источниот дел на Егејското Море
Два земјотреси со интензитет од над пет степени според Рихтеровата скала утрово се регистрирани во реонот на источниот дел на Егејското Море.
Како што објавија грчките медиуми, во регионот на грчкиот остров Лезбос бил регистриран земјотерес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер. Потресот, кој бил со епицентар на 15 километри од турскиот брег на Егејското Море, бил почувствуван и на островот Хиос, но засега нема податоци за предизвикани материјални штети.
Турските медиуми пак јавија дека во реонот на турскиот градЧанаккале претпладнево бил регистиран земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, кој се случил на длабочина од 6,5 километри под површината на земјата. По овој, биле регистирани уште два потреси со интензитети од 4,6 и 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Истите извори информираат дека по вчерашните два потреси со јачина од 5,3 степени, во изминатово деноноќие во регионот биле регистирани вкупно над 70 земјотреси со послаб интензитет.
При вчерашните земјотреси во регионот на Чанаккале биле оштетени околу 300 куќи и други објекти во 12 села, а најмалку пет лица се здобиле со полесни повреди.
Турската Црвена полумесечина во близина на селото Јукарикој изгради времен камп од шатори за сместување на лицата чии домови се оштетени во потресите и испрати помош за локалните жители.
Засилената сеизмичка активност во регионот предизвикува вознемиреност кај локалните жители, но сеизмолозите повикуваат на смиртеност.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“