Македонија
19. May 2023 - 19:22

Новиот директор на Бирото за метрологија Селами: Мислев дека метрологијата е наука за времето | ВИДЕО

Новиот директор на бирото за Метрологија, Авдуљ Сељам Селами, мислел дека тоа е наука за времето и временската прогноза.

Во говорот по повод денот на Метрологијата, самиот ја сподели со јавноста оваа информација.

-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето – рече новиот директор на Бирото за метрологија Селами.
 
Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.