Ново годишно усогласување, пензииите повисоки за 1,8 отсто
Септемвриските пензии што пензионерите ќе ги добијат во октомври ќе бидат повисоки за 1,8 отсто согласно усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8 отсто кое се прави согласно порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено и новото усогласување на пензиите од 1,8 отсто за месеците јули и август.
- Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8 отсто, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од МТСП.
Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.
Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
