„Ново киноутро“ од 9-ти до 20 јануари
Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од 9-ти до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.
Филмската програма ќе почне во понеделник напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран на 10 јануари.
Со почеток во 12 часот, на 11-ти и 12 јануари е најавен американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, на 13-ти и 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг, на 16-ти и 17 јануари анимираниот филм од Канада „Малите виленици пикси“ на режисерот Шон Патрик и на 18-ти и 20 јануари - играниот американски филм од 1991 „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино