Ново одложување на прскањето против комарци во Југоисточниот регион
Најавеното прво прскање против комарци во Југоисточниот плански регион повторно е одложено.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информираа дека прскањето против комарци нема да се изврши утре, туку на 1 јули.
- Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање кое беше одложено поради лошите временски услови ќе изврши на 1 јули (недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 4,30 до 9.30 часот, информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Од Центарот посочуваат дека доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, тоа ќе се спроведе на 2 јули во истиот временски период.
Оттаму ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период.
Претходно, прскањето против комарци во овој регион беше најавено за 17 и 27 јуни, но беше одложено поради лошите временски услови.
Ново на Сител
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно